Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Нов смртен случај од Ковид – 19 во Франција

Уште еден смртен случај на лице заболено од коронавирусот во Франција, со што бројот на жртвите од Ковид-19 се зголеми на три, јави дописникот на МИА.

Париз, 2 март 2020 (МИА) – Уште еден смртен случај на лице заболено од коронавирусот во Франција, со што бројот на жртвите од Ковид-19 се зголеми на три, јави дописникот на МИА.

Смртниот случај е регистриран во областа Оаз, со што во ова подрачје тоа е второ лице кое што починало од Ковид-19. Претходно, тука почина 60-годишниот наставник, кој пред тоа беше на лекување во Париз. Новата жртва е лице на осумдесетгодишна возраст.

Според градоначалникот на Компињ, Филип Марини, починатото лице личност „страдало од неколку други патологии“. тг/ссм/

Back to top button
Close
Close