Дописници МКДОпштински вести

Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата

Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата. Берово повторно се најде на листата на градови зафатени со корнавирусот, откако Министерството за здравство денеска објави дека во оваа општина е регистриран нов случај. 

Берово, 2 јули 2020 (МИА) – Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата. Берово повторно се најде на листата на градови зафатени со корнавирусот, откако Министерството за здравство денеска објави дека во оваа општина е регистриран нов случај.
Од општината велат дека продолжуваат и понатаму да ги следат препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, бидејќи тоа е од клучно значење вирусот да не зафати поголем опсег од населението.
И покрај тоа што Берово е туристички град, надлежните институции уверуваат дека и угостителите и сопствениците на сместувачките капацитети, доследно ги почитуваат мерките, што влева надеж дека појавата на заразата од КОВИД-19 ќе биде сведена на минимална бројка, како што е моментално со само еден активен случај.
Покрај денешниот случај во Берово, уште тројца пациенти од Пехчево имаат позитивен наод на коронавирус. вс/дма/

Back to top button
Close
Close