0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Нов силен земјотрес на турско-иранската граница

Нов земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтерова скала денеска ја погоди територијата на границата меѓу Турција и Иран.

Анкара, 23 февруари 2020 (МИА) – Нов земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтерова скала денеска ја погоди територијата на границата меѓу Турција и Иран.

Засега не се соопштуваат повеќе детали.

Претходно, рано утрово земјотрес со интензитет од 5,7 степени го погоди северозападниот дел на Иран, во близина на границата со Турција. Во потресот загинаа девет лица, а над 100 се повредени.

Епицентарот на првиот земјотрес се наоѓал на 101 километар источно од градот Ван, во Турција, и 32 километра северозападно од иранскиот град Салмас, на длабочина од пет километри под површина на земјата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close