0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Нов пораз на Далас без Дончиќ

Маверикс не може да се справи без најдобриот играч, Лука Дончиќ, кој ќе паузира уште неколку дена поради повреда на глуждот, што го искористи франшизата од главниот град.

Вашингтон, 8 февруари 2020 (МИА) – Екипата на Далас Маверикс го доживеа вториот пораз по ред, овојпат од Вашингтон Визардс со 119:118.

Маверикс не може да се справи без најдобриот играч, Лука Дончиќ, кој ќе паузира уште неколку дена поради повреда на глуждот, што го искористи франшизата од главниот град.

Во драматична игра во текот на која екипите постојано се менуваа во водство, Вашингтон имаше поголема концентрација во завршницата и им донесе радост на своите фанови.

Најдобар беше Бредли Бил со 29 поени, 5 скока и 8 асистенции, а Дејвис Бертанс одигра одличен натпревар постигнувајќи 20 поени, од кои пет тројки од девет обиди.

Кај „телињата“ се истакна Сет Кари со 20 поени, еден повеќе од Тим Хардавеј Џуниор.

Далас остана на седмото место во Западната конференција со 31 победа и 21 пораз, додека Вашингтон е деветти на Истокот со учинок од 18-32.

Резулати од НБА:

Филаделфија – Мемфис 119: 107
Вашингтон – Далас 119: 118
Бостон – Атланта 112: 107
Индијана – Торонто 106: 115
Оклахома Сити – Детроит 108: 101
Феникс – Хјустон 127: 91
Сакраменто – Мајами 105: 97
Јута – Портланд 117: 114

Таг
Back to top button
Close
Close