Општински вестиСкопје

Нов под и енергетска фасада во објектот „Чекорче“ во Аеродром

Во внатрешниот дел на објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ се изведуваат реконструктивни зафати, информираат од Опшина Аеродром.

Скопје, 21 јули 2021 (МИА) – Во внатрешниот дел на објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ се изведуваат реконструктивни зафати, информираат од Опшина Аеродром.

– Станува збор за замена на стариот дотраен под со нов современ антибактериски ПВЦ-под. Исто така, се обновува и надворешноста, односно фасадата, која ги задоволува сите стандарди на енергетска ефикасност, соопштија од Општината.

Градоначалникот Златко Марин истакна дека главна цел на Општината е обезбедување подобри и попријатни услови за децата во градинките. ки/дма/

Back to top button
Close
Close