Општински вестиСкопје

Нов парк во Стар Аеродром

Урбаниот парк, наведува Општината, ќе биде со површина од 3.200 метри квадратни и ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Скопје, 24 јануари 2020 (МИА) – Нов парк ќе биде изграден во Стар Аеродром што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло“, соопшти Општина Аеродром.

Урбаниот парк ќе биде со површина од 3.200 метри квадратни и ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Градоначалникот Златко Марин во наредниот период планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија, додаваат од Општината. нд/са/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close