
Кавадарци, 1 март 2021 (МИА) – Нов парк ќе се гради во општина Кавадарци, кој ќе се простира а површина од 3.500 квадратни метри и ќе чини три милиони и шестотини илјади денари.
Градоначалникот на општината Митко Јанчев, на прес конференција соопшти дека изградата на паркот ќе чини три милиони и шестотини илјади денари и дека средствата се обезбедени од донации од неколку компании.
Тој додаде дека локалната самоуправа интензивно работи на подигнување на нови зелени површини и оцени дека е на врвот во државата, меѓу општините кои имаат најмногу зеленило по глава на жител.
Димитар Радњански од службата ,,Мој општинар” додаде дека идејата за вакво нешто била на градоначалникот и оваа служба.
Тој рече дека во паркот се предвидени над 20 видови дрвја и грмушки, ќе има осветлување, урбана опрема и фонтана.
Радњански информираше дека ќе биде обезбеден и пристап за лицата со телесен инвалидитет.
Доне Илов, инспектор за животна средина, се осврна и на другите планови на Општината за зелени површини. Тој рече дека на солидно ниво е зелениот фонд во Кавадарци.свд/скс/