БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Нов негативен рекорд во Грција, регистрирани 372 случаи на Ковид-19

Во Грција во изминатите 24 часа е регистриран највисок број нови дневни случаи, вкупно 372, првпат над 300 од почетокот на епидемијата, а починаа уште четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 10 септември 2020 (МИА) – Во Грција во изминатите 24 часа е регистриран највисок број нови дневни случаи, вкупно 372, првпат над 300 од почетокот на епидемијата, а починаа уште четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати, од 46 вчера, денеска се 49 лица.

Од новите случаи, над 100 се поврзани со познат кластер, односно со фабрика за обработка на храна во северна Грција.

Во однос на географската распределба на новозаболените, повторно, најголемиот дел се во Атика, поширокиот регион на Атина, поконкретно 133 случаи, 21 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а останатите случаи се во над 20 различни делови на Грција.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 12.452 случаи на Ковид-19, а починаа 297 лица. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close