Дописници МКД

Нов мебел и кујнски апарати во гевгелиските градинки

Откако изминатава година беше извршена речиси комплетна ентериерна и екстериерна реконструкција на детските градинки во општина Гевгелија и нивните магазински простории,годинава вложувањата за најмалите се насочени кон набавка на нов инвентар кој ќе им овозможи подобри услови за престој во градинките.

Гевгелија,5 февруари 2021(МИА) – Откако изминатата година беше извршена речиси комплетна ентериерна и екстериерна реконструкција на детските градинки во општина Гевгелија и нивните магазински простории, годинава вложувањата за најмалите се насочени кон набавка на нов инвентар кој ќе им овозможи подобри услови за престој во градинките.

Од градинката информираат дека се набавени нови детски креветчиња за јаслената група во градинката во Миравци, нови столчиња за централната детска градинка ,,Детска радост,, во Гевгелија и нови кујнски апарати за градинките ,,Цветови,, и ,,Сончогледи,,.

-Претходно во сите градинки извршивме замена на дотраениот ламперај со нов, поставивме гипс картон,ги обновивме старите ѕидови со бојадисување и направивме темелно уредување на дворните површини, како и обнова на играчките во детските катчиња, соопштија денеска од централната гевгелиска градинка.

Покрај ова во сите гевгелиски градинки претходно е извршена замена на електричната инсталација и нивно опремување со нов мебел и гардеробаери.им/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close