Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Нов биланс на жртви од Ковид-19 во Франција – вкупно 24.376

Француските здравствени власти го преставија најновиот биланс на смртните случаи предизвикани од епидемијата на Ковид-19, за само 24 часа забележани се 339 нови жртви, со што вкупниот број достигна 24.376, јави дописникот на МИА.

Париз, 30 април 2020 (МИА) – Француските здравствени власти го преставија најновиот биланс на смртните случаи предизвикани од епидемијата на Ковид-19, за само 24 часа забележани се 339 нови жртви, со што вкупниот број достигна 24.376, јави дописникот на МИА.

Во моментов на болничко лекување се наоѓаат 26 283 лица, од кои 4019 се на интензивна нега, Инаку од 1 март болничко лекување користеле 91 600 заразени од коронавирусот, а 16 000 имале потреба од интензивна нега, од вкупно 129 481 официјално потврдени случаи на заразени со Ковид-19, од кои како излекувани се сметаат 50 000 лица. тг/

Таг
Back to top button
Close
Close