Парламентарни избори 2020Политички партии

Носителот на листата на СДСМ во ИЕ 5 Митрески се сретна со граѓаните од струшко

Кандидатот за пратеник и ко-носител на листа во изборна единица 5 - Јован Митрески денес оствари повеќе средби со граѓани во својата изборна единица.

Скопје, 25 јуни 2020

Кандидатот за пратеник и ко-носител на листа во изборна единица 5 – Јован Митрески денес оствари повеќе средби со граѓани во својата изборна единица.

При средбите Митрески разговараше со локалното население во Мешеишта тој ја презентираше изборната програма на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Дополнително тој истакна дека во овој претежно земјоделски регион од екстремна важност е поддршката која изминативе три години владата ја даде за земјоделците.

За две и пол години исплатени се 314,5 милиони денари субвенции за земјоделците. Обезбедивме 200 милиони евра годишно за земјоделците и 50% поддршка за зелената нафта. Поддршка со финансиска помош до 10.000 евра за Млад земјоделец. Ќе продолжиме и понатаму со највисока стапка и неселективно доделувањe на субвенции за земјоделците, истакна Митрески.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close