ЕвропаЕвропа.Портал

Норвешките лутерански бискупи ги отворија црквите за погреби на атеисти

Норвешките лутерански бискупи денеска одобрија црквите да се користат и за граѓански погреби за време на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус. Бискупите велат дека тоа е порака на солидарност со другите верски заедници.

Осло, 1 април 2020 (МИА) – Норвешките лутерански бискупи денеска одобрија црквите да се користат и за граѓански погреби за време на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус. Бискупите велат дека тоа е порака на солидарност со другите верски заедници.

– Норвешката црква е важна институција во општеството. Сакаме секого да поддржиме во кризно време, изјави Атле Сомерфелдт, претседател на бискупската конференција на Норвешката црква.

На локалните жупаниски совети им е наложено да одобрат користење цркви за нерелигиски погреби, се вели во соопштението.

Согласно мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот, одржувањето миси е запрено од средината на март. ссм/

Back to top button
Close
Close