ЕвропаЕвропа.Портал

Норвешкиот крал Харалд Петти излезе од болница

Норвешкиот крал Харалд Петти денеска излезе од болница, три дена откако беше примен поради тешкотии со дишењето, соопшти кралската палата.

Осло, 28 септември 2020 (МИА) – Норвешкиот крал Харалд Петти денеска излезе од болница, три дена откако беше примен поради тешкотии со дишењето, соопшти кралската палата.

Универзитетската болница во Осло ќе продолжи со процена на неговото здравје. Набргу откако кралот беше примен во болница во петокот, палатата соопштила дека тој нема Ковид-19.

Кралот би бил на боледување до 4 октомври, поради што ќе го пропушти државното отворање на Парламентот во петок.

На отворањето ќе присуствува престолонаследникот Хакон и кралицата Соња. Престолонаследникот исто така во петокот претседаваше со редовната седница на државниот совет со Кабинетот.

Харалд стана крал во 1991 година.

Во декември минатата година тој откажа неколку ангажмани поради вирусна инфекција, но го одржа својот годишен говор за Нова Година. На почетокот на јануари, тој помина една недела во болница откако страдаше од вртоглавица.

На Кралот во 2005 година му беше направена операција на срцето, а на крајот на 2003 година беше опериран од рак на бешиката. Двете операции беа опишани како успешни.

Во ноември 2017 година, кралот исто така кусо беше хоспитализиран поради инфекција. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close