Svet.SlajderСветСвет.Портал

Норвешки пратеник го предложи НАТО за Нобелова нагрда за мир

„Преку своето постоење, НАТО го гарантира нашиот мир 70 години. Благодарение на НАТО, ние ја избегнавме Студената војна да стане жешка војна“, напиша Ерлен Виборг на Фејсбук.

Осло, 6 декември 2019 (МИА) – Норвешкиот пратеник Ерлен Виборг објави дека го предложил НАТО, најголемиот воен сојуз во историјата, за Нобелова награда за мир во 2020 година.

„Преку своето постоење, НАТО го гарантира нашиот мир 70 години. Благодарение на НАТО, ние ја избегнавме Студената војна да стане жешка војна“, напиша Ерлен Виборг на Фејсбук.

Тој е член на популистичка десничарска партија што е во владејачката коалиција во Норвешка.

„Понекогаш сме зависни и од воените операции за мир“, тврди Ерлен Виборг.

Пред само неколку дена во Лондон, Алијансата ја прослави 70-годишнината од постоењето. зш/

Back to top button
Close
Close