0_Македонија.ПорталГраѓански секторСервисни информации

Нормализиран сообраќајот на патот Кочани-Пониква

Сообраќајот на регионалниот патен правец Кочани-Пониква, кој претходно беше во прекин поради одржување на ридско планински мото трки, од 16.10 часот е целосно нормализиран.

Скопје, 5 септември 2020 (МИА) – Сообраќајот на регионалниот патен правец Кочани-Пониква, кој претходно беше во прекин поради одржување на ридско планински мото трки, од 16.10 часот е целосно нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/ев/

Back to top button
Close
Close