0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Норис: Враќањето на трките ќе биде шок за телото

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис е убеден дека долгата пауза помеѓу претсезонските тестови и почетокот на сезоната многу ќе влијае на пилотите во Формула 1.

Лондон, 30 април 2020 (МИА) – Пилотот на Мекларен, Ландо Норис е убеден дека долгата пауза помеѓу претсезонските тестови и почетокот на сезоната многу ќе влијае на пилотите во Формула 1.

– Јас го правам она што можам – тренирам и се обидувам да останам фит, бидејќи враќањето на трките ќе биде шок за телото. Нема да имаме можност да возиме автомобил Ф-3 или кој било друг. Буквално располагаме само со патни автомобили, а јас не многу често возам. После тоа, ќе мора да пилотираме еден од најбрзите автомобили во светот со огромни преоптоварувања. Ќе биде голем шок, изјави Норис.

Телото се прилагодува на аеробатиката. Дома, можете да изведувате секаков вид вежба со тренирање на вратот, но невозможно е точно да го креирате товарот од возење автомобил Формула 1. Дури и за најквалификувани луѓе во светот, тоа ќе биде тешко, потенцира  Норис. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close