0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Норис: Оваа сезона во Формула 1 најголем предизвик ќе биде натпреварувачкиот календар

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис раскажа какви проблеми очекува претстојната сезона во Формула 1.

Лондон, 24 јуни 2020 (МИА) – Пилотот на Мекларен, Ландо Норис раскажа какви проблеми очекува претстојната сезона во Формула 1.

– Според мое мислење, ќе биде најтешко да се навикнеме на новиот календар, затоа што сега сè ќе биде поинаку. Ќе имаме периоди со три трки за три недели, потоа неделна пауза, а потоа повторно три недели трки. Прекрасно е, секако, да се тркаме скоро без паузи, но од друга страна, нема да имаме скоро време да се вратиме во базата, да работиме на симулаторот и сл. Сè ќе биде сосема поинаку, но ќе биде неопходно да се одржи претходната концентрација, изјави Норис.

Сезоната 2020 година во Формула 1 започнува со трка во Австрија на 5 јули. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close