0_Спорт.ПорталФудбал

Нолберто Солано уапсен во Перу за прекршување изолација

Поранешниот перуански фудбалер Нолберто Солано, кој во кариерата играше за бројни клубови, го прекршил правилото за задолжителен карантин поради пандемијата на Ковид-19 и уапсен е во неговата родна земја. 

Лима, 27 март 2020 (МИА) – Поранешниот перуански фудбалер Нолберто Солано, кој во кариерата играше за бројни клубови, го прекршил правилото за задолжителен карантин поради пандемијата на Ковид-19 и уапсен е во неговата родна земја.
Локалните медиуми наведуваат дека Солано присуствувал на забава и покрај строгата забрана на властите за собирања. Дека нешто се случува пријавиле соседите на Солано по што полицијата го опколила неговиот имот.
На лице место се појавиле и новинарски екипи, па запрашан зошто присуствивал на забавата, Солано удрил еден од репортерите.
„Каква забава? – Не, ова не е забава. Јас живеам овде, зад аголот. Ова е куќа на мој пријател, тој ми е сосед. Без врска губите време, ова е непочитување“ рекол меѓу другото Солано.
Перу на 16 март донесе забрана за собирање, а досега во земјата се регистрирани 580 случаи на коронавирус. сѓд/

Таг
Back to top button
Close
Close