0_Спорт.ПорталФудбал

Ноер пред дуелот со Ајнтрахт: Не сакаме реприза на загубеното финале

Голманот на Баерн, Мануел Нојер ги сподели очекувањата за натпреварот од полуфиналето на Купот на Германија против Ајнтрахт.

Минхен, 10 јуни 2020 (МИА) – Голманот на Баерн, Мануел Нојер ги сподели очекувањата за натпреварот од полуфиналето на Купот на Германија против Ајнтрахт.

Во 2018 година, неговиот тим загуби од клубот од тимот од Франкфурт со резултат 1:3.

– Сите се сеќаваат на финалето во кое изгубивме. Не сакаме ова да се случи повторно на „Алијанц Арена“. Сакаме да се пласираме во финалето и да добиеме можност повторно да го подигнеме пехарот во Берлин, изјави Ноер.

Натпреварот Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт ќе се игра вечер од 20:45 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close