Дописници МКДОпштество

Ноќно скијање викендов на две патеки на Попова Шапка

Ски-центарот Попова Шапка од утре првпат оваа сезона организира ноќно скијање на двете патеки со ски-лифтови кои имаат рефлекторско осветлување за ноќно скијање.

Тетово, 4 февруари 2021 (МИА) – Ски-центарот Попова Шапка од утре првпат оваа сезона организира ноќно скијање на двете патеки со ски-лифтови кои имаат рефлекторско осветлување за ноќно скијање.

-Ноќно скијање ќе има во петок и сабота од 19 до 22 часот на патеките Поток 1 и Поток 2 на кои има можност за осветлување со помош на рефлектори. Цена на ски билетот за ноќно скијање е пониска од лани и изнесува 400 денари, информира Живко Алексовски, директор на ски центарот.

Од ски-центарот апелираат скијачите, бордерите и сите посетители да ги почитуваат правилата околу користење на билетите за ски-лифтовите, каде забележале манипулации.

-Забележана е злоупотреба на ски-билетите од страна на корисниците. Само во текот на еден ден од викендот констатирана е злоупотреба на 60-тина детски билети кои се користени од страна на возрасни поради што билетите се одземени. Ве информираме дека секоја злоупотреба се санкционира и се  предвидени високи казни, се вели во известувањето од ски-центарот.

На 29 јануари почна да функционира и шестоседната жичница на Попова Шапка, а од минатата недела се намалија и цените на ски-билетите. ас/вј/

Back to top button
Close
Close