0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Нојер сака да остане во Баерн

Според последните информации, Нојер одбивал да го обнови договорот со Баерн, но германскиот репрезентативец се надева дека ќе дојде до договор. „Скај Германија“ тврди дека Нојер претпочита да остане во Минхен, наместо да се пресели во Челси

Минхен, 31 март 2020 (МИА) – Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер претпочита да го продолжи договорот со германскиот шампион, наместо да замине во Челси, пренесуваат медиумите во Германија. На 34-годишниот голман има му истекува договор со клубот од „Алијанц Арена“ во 2021 година, а лондонскиот тим сака да ги привлече во составот.

Според последните информации, Нојер одбивал да го обнови договорот со Баерн, но германскиот репрезентативец се надева дека ќе дојде до договор. „Скај Германија“ тврди дека Нојер претпочита да остане во Минхен, наместо да се пресели во Челси.

Преговорите меѓу двете страни се очекува да продолжат по решавањето на ситуацијата со пандемијата од коронавирусот. Нојер има седум германски титули и една Лига на шампиони со Баерн по неговиот трансфер од Шалке 04 во 2011 година.

Таг
Back to top button
Close
Close