Дописници МКДОпштество

Низа свечености по повод 23 Август – Денот на градот Берово

Под посебен протокол за заштита од Ковид-19 денеска во Берово се одбележува „Денот на градот - 23 Август“. Свеченостите започнаа пред бистата на паднатите борци во НОВ од Малешево, каде цвеќе положија делегации од политичкиот и јавниот живот во Берово, а пред присутните беше прочитан и реферат за значењето на денот.

Берово, 23 август 2020 (МИА) – Под посебен протокол за заштита од Ковид-19 денеска во Берово се одбележува „Денот на градот – 23 Август“. Свеченостите започнаа пред бистата на паднатите борци во НОВ од Малешево, каде цвеќе положија делегации од политичкиот и јавниот живот во Берово, а пред присутните беше прочитан и реферат за значењето на денот.

Во рамки на свечената седница која се одржа по тој повод, беа доделени наградите на уечсниците во наградниот конкурс на тема „23 Август- свела иднина за Берово”.

-Наградите годинава заминаа во рацете на ученичките Јована Цикарска и Елена Ризовска, а во рамки на дневниот ред беа прочитани имињата на учениците и менторите, кои постигнаа големи резултати во учебната 2019-2020 година, на кои заради пандемијата од Ковид-19 благодарниците и наградите дополнително ќе им бидат доделени. Исто така, денеска признание беше оддадено и на поединците кои во текот на изминатата година со своето залагање и работење, особено се истакнаа во општествениот живот, при што Плакета за особен придонес во развојот на општина, беше доделена на општественикот Благој Механџиски-Зегин, истакнаа од општината.

На свечената седница, пред присутните се обрати беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, кој честитајќи го денот, повика и понатаму да се продолжи со заедничката работа и реализација на многу нови проекти во насока на развој на Берово, додека Јагода Шахпаска, актуелниот пратеник и кандидат за функцијата министер за труд и социјална политика во новата Влада, во својот краток говор, го истакна значењето на 23 Август, давајќи посебен акцент кон почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Во прославата на денот, за жал оваа година надлежните констатираа дека ќе недостига Етно плоштад фестивалот, кој поради пандемијата е одложен за наредната година. вс/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close