Дописници МКДОпштински вести

Нивото на водата во Охридското Езеро расте по сантиметар дневно

Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.35 метри надоморска височина, што е на 25 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри односно шест сантиметри под просекот за месец јануари.

Охрид, 10 февруари 2021 (МИА) – Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.35 метри надморска височина, што е на 25 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри односно шест сантиметри под просекот за месец јануари.

Температурата на езерската вода измерена утрово е шест степени Целзиусови или еден степен под месечниот просек за февруари.

Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум. аб/рп/

Back to top button
Close
Close