Дописници МКДОпштински вести

Нивото на езерото Козјак над еден метар

Врнежите од дожд кои беа со зголемен интензитет последниве три седмици целосно ги наполнија речните корита, што се одрази и врз порастот на нивото на повеќето вештачки акумулации во земјава, кои поради долготрајната суша речиси целосно се испразнија, а најтипичен пример беше најголемото вештачко езеро Козјак, каде нивото се спушти за повеќе од 30 метри.

Кичево, 2 февруари 2021 (МИА) – Врнежите од дожд кои беа со зголемен интензитет последниве три седмици целосно ги наполнија речните корита, што се одрази и врз порастот на нивото на повеќето вештачки акумулации во земјава, кои поради долготрајната суша речиси целосно се испразнија, а најтипичен пример беше најголемото вештачко езеро Козјак, каде нивото се спушти за повеќе од 30 метри.

Сепак последните врнежи од дожд и снег донесоа одредена надеж и оптимизам дека доаѓаат подобри денови за оваа акумулација.

– Како никогаш досега, поради незапамтената и долготрајна суша нивото на акумулацијата Козјак се спушти над 30 метри и езерската површина почна да се намалува. Од почетната точка кај село Близанско езерото се повлече околу осум километри а најголемата негова притока Треска низ некогашното езеро течеше како река. Но, последните врнежи од дожд и поволната хидролошка состојба, придонесоа нивото на езерото да порасне повеќе од еден метар и водата наместо осум километри од село Близанско, сега е на растојание од четири километри, што е најдобар индикатор за порастот на нивото на ова вештачко езеро, вели Миле Стојкоски, од РЦУК ПО Македонски Брод.

Сега сите надежи се свртени кон природата, која е единствениот адут езерото да се поврати на првобитното ниво, кога имаше длабочина од над 120 и должина од над 30 километри и беше вистински рај за риболовците од целата земја. за/рп/

Back to top button
Close
Close