Политички партии

Николовски: Следува прочистување на правосудството, тоа имаме да порачаме и бараме поддршка

Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства - успева.

Скопје, 17 февруари 2020

Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева.

Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство.

Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот.

Им честитам на пратениците кои го поддржаа овој Закон. Огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси.

Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија!

Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.

Правда ќе има, правдата доаѓа.

Затоа, ве повикувам денеска со почеток во 18 часот да се приклучите на Маршот „Чекориме за правда“.

Тргнуваме од Собранието – и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака.
 
Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас од граѓаните!

Ве повикувам сите праведољубиви граѓани, да ни се приклучите.

Се гледаме во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда.

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close