0_Македонија.ПорталПолитички партии

Николовски: Сите функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ја донираат во фондот за борба против коронавирусот

Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд.

Скопје, 30 април 2020
Почитувани граѓани,

По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот.

Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд.

Разбираме низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици.

Справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас.

Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за  интересите и во интерес на граѓаните.

Заеднички ја надминавме и ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја надминеме и економската криза и овие предизвици.

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ  

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close