Политички партии

Николовски од Струга: Искористеноста од 41 отсто од буџетот на ИПАРД 2 програмата е потврда за вложувањата во агро секторот

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска беше во посета на Струга и струшкиот регион, а воедно ја посети и месната индустрија Билјанови во с.Мислешево , како една од успешните примери на водење на бизниси и корисник на средствата од ИПАРД 2 програмата.

Скопје, 26 јануари 2020

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска беше во посета на Струга и струшкиот регион, а воедно ја посети и месната индустрија Билјанови во с.Мислешево , како една од успешните примери на водење на бизниси и корисник на средствата од ИПАРД 2 програмата.

Николовски посочи дека Владата предводена од СДСМ за само две и пол години направи значајни чекори во однос на се поголема искористеност на европските средства и поголема поддршка во агро секторот.

-Преку олеснети административни процедури, со едукација, со олеснет пристап до фондовите и зголемен број повици, се создадоа услови за првпат државата да не ги враќа парите назад.

За тоа зборува и искористеноста од 41% од буџетот на ИПАРД 2 програмата, односно до денес склучени се 1477 договори во вредност од над 32 милиони евра. -истакна Николовски.

Тоа е една голема потврда дека сме на прав пат. Продолжуваме и понатаму со што поголема искористеност на европските фондови кои ни стојат на располагање.-посочи Николовски .

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, изјава на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close