0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Николовски од Пехчево: СДСМ насекаде изгради патишта и пречистителни станици

Полека и сигурно, работите се менуваат. Со труд, чесност, се прават сигурни чекори нанапред. Се гради насекаде, се гради и на Истокот. Нашиот Источен регион не е веќе заборавен и запуштен. Се поврзуваме и внатре во државата и со соседите. Градиме 260 километри автопати. Градиме 300 километри експресни патишта. Градиме 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци, изјави денеска од Пехчево генералниот секретар на СДСМ и носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

Скопје, 3 јули 2020 (МИА) – Полека и сигурно, работите се менуваат. Со труд, чесност, се прават сигурни чекори нанапред. Се гради насекаде, се гради и на Истокот. Нашиот Источен регион не е веќе заборавен и запуштен. Се поврзуваме и внатре во државата и со соседите. Градиме 260 километри автопати. Градиме 300 километри експресни патишта. Градиме 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци, изјави денеска од Пехчево генералниот секретар на СДСМ и носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

Три од четирите експресни патишта, вели тој, се градат на Истокот и додава дека е пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период.

– Денеска, овде во Пехчево граѓаните веќе го користат новиот пат Пехчево-Делчево, во должина од 11 километри. Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој. Не беше толку далечно времето кога се инвестираше само во барок, во галии и во сметките на Белизе. Кога се богатеше само бегалецот од Будимпешта и неговата екипа. Истата непроменета екипа која сега ви вели да сте се исправеле, нагласи Николовски.

Токму од Пехчево, додава тој, може да се види разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека ние инвестираме во патна инфраструктура, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ овде инвестираа во три хидроцентрали за лично богатење, а на сметка на животната средина. Граѓаните овде во Пехчево се бунеа, протестираа, но нив никој не ги слушаше и брзо беа замолчени. Тоа беше методот на ДПМНЕ. Молк, страв, несигурност. Додека ние овде во Пехчево инвестираме во пречистителна станица за отпадни води, за да ја заштитиме животната средина, Мицкоски со неговите хидроцентрали целосно ја наруши истата и секојдневно ја загрозува, истакна Николовски.

Тој потенцира дека наследиле хаос во, како што вели, неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси и некомплетни проекти.

– Но, го поправивме тоа и не запираме додека не изградиме современа држава. Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе, заклучи Николовски. мс/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close