0_Македонија.ПорталПолитички партии

Николовски: Мицкоски се однесува незрело, избори 22 дена по завршување на вонредната состојба е најдоброто решение 

Од демократски, здравствен и економски аспект е неодговорно сега кога стивнува епидемијата и кога се создаваат услови за одржување на избори тоа да не го направиме, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на гостувањето во емисијата Утрински брифинг.

Скопје, 19 мај 2020

Од демократски, здравствен и економски аспект е неодговорно сега кога стивнува епидемијата и кога се создаваат услови за одржување на избори тоа да не го направиме, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на гостувањето во емисијата Утрински брифинг.

„Собранието се распушти и се беше подготвено за одржување на изборите , со подготвени листи, ждребување, и заклучно со датумот за избори 12 април. И самиот претседател на Собранието , Џафери го има изнесено својот став дека Собранието не може повторно да се повика. Според сето тоа, нема никакви пречки изборите да бидат одржани 22 дена по завршување на вонредната состојба“, истакна генералниот секретар Николовски.

Во однос на понатамошни средби и преговори со опозицијата Николовски посочи дека токму заради неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои постојано купуваа време и бараа лидерски средби, постојано барање на изговори за одложување не беше постигнат консензус.

„Препораките од сите институции од кои Мицкоски бараше став за да има храброст да излезе ги доби. И од ОБСЕ  и од  ДИК и од Комисијата за заразни болести Мицкоски ги доби вчера и сега нема веќе што да аргументира“, додаде Николовски.

Тој посочи и дека Мицкоски одел дотаму што барал невозможни работи како гаранција за нула број на новозаразени и починати, нешто што никој не може да го гарантира.

„Граѓаните го оценуваат однесувањето на Христијан Мицкоскки како незрело и неодговорно и тоа го потврдуваат анкетите и истражувањата на јавното мислење и од таму е стравот од соочувањето со граѓаните. Мицкоски бара невозможни услови, бара гаранции дека ќе има нула заразени во јуни, а притоа бара избори во период кога и Светска здравствена организација и Комисијата за заразни болести предупредуваат дека постои опасност по отворањето на границите, кога ќе се зголемат патувањата да се зголеми опасноста од нов бран на коронавирусот. Гласањето ќе биде целосно безбедно, ние мора да имаме легитимни и функционални институции кои со целосна политичка одговорност ќе се справуваат со економските и здравствените предизвици. Ние како политичка партија и јас како шеф на Изборниот штаб ги преземаме сите активности веднаш по завршувањето на вонредната состојба да одиме на избори“, порача Николовски.

Со неодговорното однесување ВМРО-ДПМНЕ ја носат државата во нова политичка криза, тоа нема да го дозволиме, заклучи Николовски.

СДСМ, Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close