0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Николовски: Интерпелација за Димитров заради тоталното фијаско со евроинтеграциите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кого го обвинува за тотално фијаско во евроинтеграциите и неуспех за почеток на преговори за членство во ЕУ, а чиј почеток, како што оцени на почетокот на собраниската дебата пратеникот Александар Николовски, ќе бил единствениот мотор што ќе ја придвижел напред државата.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кого го обвинува за тотално фијаско во евроинтеграциите и неуспех за почеток на преговори за членство во ЕУ, а чиј почеток, како што оцени на почетокот на собраниската дебата пратеникот Александар Николовски, ќе бил единствениот мотор што ќе ја придвижел напред државата.

Николовски, образложувајќи ги причините за интерпелацијата во Собранието, истакна дека очекува таа да биде прифатена поради  „тоталното фијаско со европските интеграции на државата што е целосно спротивно на ветувањата на владејачкото мнозинство“.

-Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори  за членство во ЕУ. Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме тука во Собранието во услови кога Македонија воопшто  не почнала преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога  и дали воопшто ќе ги почне е најголемо фијаско што можеше да и се случи на оваа Влада, рече Николовски, дополнувајќи дека за ваквата состојба најодговорни се Димитров и претседателот на Владата.

Од нивна страна, како што рече, имало бројни изјави и лаги за тоа дека сме добиле датум за почетокот на преговори. И во изборната програма владејачката СДСМ, посочи Николовски, излажа  дека Македонија добила датум за почеток на преговори на 26 март  2020 година, денес е февруари  2021 година, а Македонија  не преговара затоа што не доби датум за преговори.

Меѓу причините за интерпелацијата Николовски  рече дека Димитров е архитект на Договорот за добрососедство со Бугарија, којшто, потенцираше, има голема фалинка во себе, односно нема никави заштитни калузули што ако  Бугарија не го почитува својот дел од Договорот.

-Треба да сте  тотален политички аматер да потпишете договор со соседна држава која ви ги подрива основните темели на државата и притоа да немате никави гарантни механизми во него, како што  исто така треба да сте тотален политички аматер да прифатите Комисија за историјата  да одлучува за иднинатата на државата. Тоа го пишува во точката 8.2. На Балканот каде што секој  има свое толкување  за историјата да прифатите Комисија за историјата да одлучува за иднинатата на државата  е или политичи аматеризам или скриена агенда. Јас се сомневам во второто, рече Николовски, забележувајќи меѓу другото и што со Договорот Бугарија не била обврзана да ја поддржи нашата држава за членство во ЕУ,  туку само да сподели искуство за тоа.

Според Николовски, не е толку голем проблем што  државата не почнала преговори, туку тоа што животот во државата оди надолу.

-Единствениот мотор кој можеше да ја придижи напред е почетокот на преговори кој упорно не се случува, рече Николовски, прашувајќи дали тоа всушност е сценарио  кое и одговара на власта со цел да нема контролни механизми и да нема притисок за реформи.

Пратеникот Николовски со критики и за тоа што со месеци не добил одговор на прашањето кога последен пат  Заев како премиер бил во официјална посета на негов колега премиер или претседател на развиена западноевропска држава.

– До денес нема одговор. Јас ќе ви го дадам одговорот до пред да се случи аферата Рекет затоа што на иста маса не седат со корумпиран човек затоа што треба и тие после да излезат пред својата јавност и политичките опоненти и ќе ги прашуѕвате зошто седите со вакви. Тоа е тажната вистина за Македонија.Тажната вистина за Македонија е дека четири години не почнува преговори за членство со Европската унија и тоне во криминал и корупција  и затоа оваа интерпелација денеска треба да биде прифатена, рече Николовски.

Тој најави дека интерпелацијата е  само првиот чекор од планот на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече,  се надевам во соработка со  останатите опозициски политичи партии со крајна цел уривање на парламентарното мнозинство и Владата и формирање нова во рамки на овој парламентарен состав. лв/са/

 

 

 

Back to top button
Close
Close