0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Николовски: Бараме чист мандат за да направиме уште повеќе и уште подобро

СДСМ и Коалицијата својата кампања во изборната единица број 3 ја започнаа од Виница, при што носителот на кандидатската листа за пратеници, Љупчо Николовски истакна дека актуелната власт за краток период  постигнала успеси и затоа бара уште еден чист мандат за да направи уште повеќе и уште подобро.

Виница, 24 јуни 2020 (МИА) – СДСМ и Коалицијата својата кампања во изборната единица број 3 ја започнаа од Виница, при што носителот на кандидатската листа за пратеници, Љупчо Николовски истакна дека актуелната власт за краток период  постигнала успеси и затоа бара уште еден чист мандат за да направи уште повеќе и уште подобро.

– Можеме уште подобро со минималната плата, која беше девет илјади денари, а успеавме за две и пол години да ја покачиме на 14,5 илјади денари, а до крајот на следниот мандат предвидуваме раст до 20 илјади денари. Во земјоделството, каде годишно ќе се добиваат 200 милиони евра, нафтата што се користи за механизацијата ќе биде стопроцентно покриена од државата. Ќе ги поддржуваме микро и малите претпријатија со по 10 илјади евра за нивно развивање и ќе помагаме женско и младинско претприемништво со грантови од пет до 15 илјади евра за почеток на сопствен бизнис, истакна Николовски.

На прес-конференцијата, тој додаде дека во следниот мандат е планирана изградба на 1.500 километри автопати, екеспресни и локални патишта,  како и рехабилитација на постоечката патна мрежа со слична должина.

-Можеме уште повеќе во социјалната сфера. 34 илјади домаќинства ќе примаат гарантирана минимална помош, а 65 илјади деца ќе примаат детски додаток. Предвидуваме и 777 социјални станови за период од само две години. Нема веќе привилегирани региони и градови во државата, сите сме еднакви и ќе се развиваме подеднакво. Нашата програма е навистина најдобрата досега, а ветувањата се исклучително реални бидејќи работевме домаќински изминативе две и пол години, а со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ќе направиме уште повеќе, зошто ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени, истакна Николовски.

На крајот од своето обраќање, носителто на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата, порача дека доаѓаат убави години што треба да се искористат. Неопходно е луѓето да се бираат по валитет, а не по партиски книшки за да мкоже општеството да се ослободи од непотизмот и корупцијата. та/аа/

Back to top button
Close
Close