0_Македонија.ПорталПолитички партии

Николов: Одлуката за намалување на тестовите е политичка, епидемиолозите не можат да одлучат за избори ако не се тестира и не знаеме со што се бориме

Со намалувањето на бројот на тестови, се намалува и бројот на детектирани ново заразени. Одлуката за намалување на тестовите е политичка и не е донесена од Комисијата за заразни болести. Тогаш како може да се тврди дека експертите односно епидемиолозите ќе донесат одлука за можност или неможност за одржување на избори?

3 мај 2020

Доколку Владата ја слушаше Комисијата за заразни болести, тогаш нели требаше и овој Прво Мајски викенд да биде целосно затворен?

Без тестирање, без вистински аргументи, како ќе одлучуваат експертите??? Потребно е да се зголеми и забрза тестирањето, за да знаеме со што се бориме. Потребно е да се тестираат ризичните групи, како докторите и медицинските работници.

Како ќе одлучуваат експертите? Врз основа на тоа што ќе им издиктира Љупчо Николовски или Зоран Заев???

Подготвен ли е Љупчо Николовски, да ги носи на одговорност во просек 4-5 смртни случаи кои што ги имаме дневно од корона во здравствениот систем? За период од 60 дена тоа ќе бидат вкупно околу 300 починати лица.

Љупчо Николовски “докторот”, подготвен ли е ова да го носи на одговорност?

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close