0_Македонија.ПорталВидеоВидео изјаваПолитикаПолитички партии

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е против амнестија на било кого кој што сторил криминал

Денес во рамки на караванот за „Обнова на Македонија“ сме во Аеродром да се сретнеме тука со граѓаните со жителите на Аеродром да ги слушнеме нивните идеи и концепти по однос на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе е прва и интерактивна програма во политичката понуда на демократска Македонија, каде што директно од граѓаните ги добиваме идеите и проектите кои што треба да се дел од таа идна програма.

Скопје, 1 декември 2019

Ви благодарам на присуството, денес во рамки на караванот за „Обнова на Македонија“ сме во Аеродром да се сретнеме тука со граѓаните со жителите на Аеродром да ги слушнеме нивните идеи и концепти по однос на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе е прва и интерактивна програма во политичката понуда на демократска Македонија, каде што директно од граѓаните ги добиваме идеите и проектите кои што треба да се дел од таа идна програма. Овој караван веќе трае повеќе од три месеци насекаде низ државата и е во својот финиш и некаде за две до три недели ќе финишира овој караван, после тоа ќе одиме кон финализирање на програмата и се надевам дека во месец јануари или февруари ќе излеземе со конкретна програма на ВМРО-ДПМНЕ за престојните парламентарни избори во април следната година.

Овие средби помагаат и за да слушнеме што е она актуелно кај граѓаните, што се нивните потреби и барања, што е она што го размислуваат за актуелната власт, кои се барањата кои што ги имаат од нас доколку  победиме  на следните избори и е стил кој што планираме и по завршувањето на овој караван да го продолжиме во слични форми во текот на следните месеци. Благодарам продолжете со прашања.

Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи автентичното толкување на членот 11 а во Собранието вчера и од СДСМ ве повикаа да одговорите?

Одговор: Во два дела ќе го поделам одговорот. Директен и малку стручен. Во однос на директниот дел ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е против амнестија на било кого кој што сторил криминал. Дали е тоа автентично толкување, дали е тоа друга форма, дали се законски измени. Сето она што ќе спречи амнестија на било кој којшто сторил криминал ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. Во однос на стручниот дел, добро да си ја разгледаат од СДСМ иницијативата затоа што има некои грешки таму, добро е да ја поправат ако не го направиле тоа намерно за да не се случи утре иницијативата да падне и да е уште една во овие низа на активности поврзани со практично отворањето на теми кои што изгледаат симпатично во јавност, а позади нив има апсолутен договор.

Она што е фактот е дека ние не го слушнавме Зоран Заев да каже што мисли по однос на ова прашање. Одговорот е многу јасно зошто не го слушнавме, затоа што тој е идејниот творец и авторот на оваа иницијатива. Никој не е наивен дека после 3 ипол години случајно на Уставниот суд му текнало од фијока да ја извади баш оваа иницијатива и да ја стави баш сега на дневен ред во исто време истиот подносител има уште три други иницијативи кои што ете Уставниот суд не решава да ги стави на дневен ред. Понатака во овие сценарија кои што се создаваат кои што се од некои минати времиња да не употребам потешки зборови се обидува од една страна да се намири со оној со којшто се прават непринципиелни коалиции, а видовме дека во државава постои непринципиелна крими коалиција и од страна да се претстави дека тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема да помине, тоа е обезличено и ВМРО-ДПМНЕ е против амнестија на било кој којшто сторил криминал и ќе ги поддржи сите форми тоа да не се случи.

Прашање: Добро, а кои се тие грешки што ги има во иницијативата?

Одговор: На пример вие споменавте 11 а, во иницијативата пишува член 11. Тоа е многу голема разлика, еве еден пример и практично суштински кога ќе видите иницијативата не одговара на она што се споменува. Значи вие многу правилно сте го процениле, но за жал пратениците на СДСМ не го процениле така правилно. Има време да се корегира, еве од нас еден совет.

Прашање: Господине Николоски одредени медиуми објавија една сума која што вие сте ја земале за патни трошоци во времето кога сте биле пратеник, таму немаше ваш став па еве да ви дадеме шанса да се произнесете, дали е тоа точно или?

Одговор: Значи прво немаше извор. Второ јас бев пратеник подолг временски период така што е многу непријатно да се собираат апсолутни бројки за долг временски период. Она што исто така можам да го споменам е дека вчера направив едно сопствено истражување. Точно е дека јас сум патувал за да дојдам на своето работно место, но точно е дека тоа било многу помалку од многу останати колеги пратеници. Всушност Собранието објавуваше годишни извештаи во кои што моето име го немаше на врвот, а исто така тоа што е непријатно и е манипулација, јас во подолг временски период, сите знаат дека имав интензивна меѓународна активност во која што меѓународна активност имав чести патувања и сето тоа влегува во една ставка. И кога ќе го ставите во една ставка изгледа како што изгледа, но кога ќе го расчлените изгледа многу поразлично од тоа што се обидува да се направи во јавноста . Имаме теми кои што се сега актуелни и јас сум свесен дека и на мене и на раководството на партијата ќе се обидат да ни ставаат црни дамки, тие црни дамки не поминуваат затоа што времето ги докажало дека не се такви и тие црни дамки не можат да ги исклучат аферите кои што во моментов се случуваат.

Александар Николоски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close