0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Николоски од Дојран го повика Заев на ТВ дуел

Јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4.

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4.

– Денеска сме во посета на Дојран, стар и нов Дојран, понатаму Валандово, Богданци, околните населени места, ќе одиме во Удово, Пирава, ќе одиме во Стојаково и во останатите населени места од овој регион да поразговараме со луѓето за она што се нивни потреби, нивни маки. Но, во исто време да ја презентираме и програмата проект Обнова на Македонија, рече Николоски.

Според него, туризмот и покрај огромниот потенцијал, тука не развивал во изминатиот период и како што рече, треба многу да се направи, пред се во делот на субвенционирање на оние кои што се занимаваат со туризам, се со цел да можат да дадат подобри услуги кои што ќе можат да привлечат поголем број на туристи.

– Исто така формирање на бренд Македонија, или бренд Macedonia кој што треба да ја брендира нашата држава, со цел што повеќе туристи да доаѓаат. Знаете дека имаше едни претходни времиња во кој што туризмот силно растеше, а за жал во овие години туризмот стагнира. Понатаму, издвојување на секторот туризам, од министерството за економија и спојување со министерството за култура, со што би се формирало ново министерство кое што би се викало министерство за култура и туризам по примерот на најразвиените светски дестинации, односно најразвиените држави во светот кои што се занимаваат со туризам, за да може да се стави целосен фокус на развојот на туризмот. Тоа е нашето основно ветување во следниот период, рече тој.

Истакна оти нема да дозволат во Дојран да се приватизира водата. – Она кое што нема да го дозволиме е приватизација на водата, знаете дека градоначалникот на Дојран сакаше да ја приватизира водата, знаете дека луѓето се кренаа не референдум и не го дозволија тоа. остануваме цврсто посветени на тоа ветување дека нема да дозволиме приватизација на водата, посочи Николоски. нд/ац/

 

Таг
Back to top button
Close
Close