0_Македонија.ПорталПолитички партии

Николоски: Ќе имам најлесна задача од сите шест носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски очекува СДСМ да биде декласиран на престојните предвремени парламентарни избори заради, како што вели, „насобраниот бес кај граѓаните поради продадените национални интереси, нереализираните проекти и корумпираноста на власта“.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски очекува СДСМ да биде декласиран на престојните предвремени парламентарни избори заради, како што вели, „насобраниот бес кај граѓаните поради продадените национални интереси, нереализираните проекти и корумпираноста на власта“.

– Ќе имам најлесна задача од сите шест носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имам лесен противник во четвртата изборна единица иако тој е претседател на СДСМ. Тоа е така, бидејќи ништо не е направено во четвртата изборна единица и имаме еден тон нереализирани ветувања, рече Николоски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој вели дека секој ден се гледа по некој „еклатантен пример за рекет“, а Јавното обвинителство не презема ништо, туку единствено ги осудило ситните риби во случајот „рекет“, иако, според него, се знаело „кој е главата на рекетот и каде завршиле парите од рекетот на бизнисмените“.

Николовски истакна дека ниту еден европски политичар не сака да има средба со корумпирани политичари од земјава и тврдејќи дека ниту еден политичар немал билатерална средба со поранешниот премиер Зоран Заев, откако излегле аферите со корупцијата. вј/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close