0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Николоска во посета на фабриката за рециклажа на гуми во индустриската зона во Желино

Фаница Николоска, носител на листа на СДСМ во ИЕ6 беше во посета на фабриката за рециклажа на гуми во индустриската зона во Желино, домашна инвестиција во висина од 8,5 милиони евра.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Фаница Николоска, носител на листа на СДСМ во ИЕ6 беше во посета на фабриката за рециклажа на гуми во индустриската зона во Желино, домашна инвестиција во висина од 8,5 милиони евра.

-Оваа фабрика е единствена од ваков тип во поширокиот регион, која ќе ја заштити животната средина од автомобилските гуми како отпад. Користи најсовремена опрема за механичка преработка и нема негативен еколошки ефект. Добиениот материјал од преработката наоѓа примена за изградба на патишта, спортски терени и велосипедски патеки. Оваа фабрика ни овозможува 300 нови работни места, рече Николовска.

Таа додаде дека компанијата од државата добива поддршка за враќање на средствата од инвестицијата во висина од 50 отсто и поддршка за секое новоотворено работно место.

-Особено сме горди што еден ваков објект се гради во рурална средина со што придонесува за унапредување и креира одржлив економски развој. Учествува во намалување на невработеноста обезбедувајќи работни места за младите, со што директно придонесува за спречување на одлив на работна снага во странските земји, рече таа.

Николовска најави дека во новиот мандат уште повеќе ќе ги поддржуваат домашните фирми, а со членството во НАТО се носат рекорден број странски инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите.
-До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 отсто. Креираме нови работни местa преку брза трансформација на македонската економија. Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат, рече Николовска. сст/

Back to top button
Close
Close