Политички партии

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со еврокомесарот Вархеји

НПГ од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, попладнево оствари средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, г. Вархеји. На средбата ги истакнавме нашите очекувања за понатамошна интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ за што и лично имаме допринос преку поддршка на реформските закони.

Скопје, 15 јануари 2020 

НПГ од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, попладнево оствари средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, г. Вархеји. На средбата ги истакнавме нашите очекувања за понатамошна интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ за што и лично имаме допринос преку поддршка на реформските закони. Важноста за добри закони а не политички договори, треба да биде водилка понатаму, и за законот за ЈО и секако за сите останати. Консензусот треба да се гради во интерес на граѓаните, секогаш. Ја изразуваме нашата благодарност што бевме дел од агендата на г. Вархеји што е показател за нашите заложби и учество во подобрување на можноста да напредуваме кон ЕУ, сите заедно.

Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close