Политички партии

Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ реагира на изјава Милошоски

Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во целост ги отфрла лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошевски, вчера на емисијата "Што не е јасно " на Алфа телевизија, каде што обвини за поткуп на пратеници од НПГ за гласањето на уставните измени.

Скопје, 22 јануари 2020

Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во целост ги отфрла лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошевски, вчера на емисијата „Што не е јасно ” на Алфа телевизија, каде што обвини за поткуп на пратеници од НПГ за гласањето на уставните измени.

Исто така, во континуитет од раководството на ВМРО ДПМНЕ се изнесуваат вакви клевети за поткуп.

Го охрабруваме пратеникот Антонио Милошоски и останатите од раководството на ВМРО ДПМНЕ, доколку имаат докази за ваквите клевети веднаш да ги пријават во Јавното Обвинителство.

Во спротивно најавуваме дека ваквите наводи ќе треба да ги докажуваат во судски постапки.

НЕЗАВИСНА ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close