БалканБалкан.Портал

Невреме во Србија, испукани 829 градобијни ракети

Србија синоќа беше зафатена со силно невреме со дожд, град и грмотевици.

Белград, 20 мај 2019 (МИА) – Србија синоќа беше зафатена со силно невреме со дожд, град и грмотевици.

Регистрирани се повеќе од 15.000 удари од гром и молњи.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Танјуг потврди дека во целата држава  ноќеска се испукани 829 ракети од осум радарски центри.

За три часа употребени се 10 отсто од целокупните ракети на годишно ниво.

Во Чачак, Ивањица и Лучаним околу 20 минути паѓаше град со големина на лешник.

Околните села претрпеа штета на овошките и посевите, пренесуваат локалните медиуми.

И територијата на Белград синоќа околу 19 часот и 40 минути беше зафатена со невреме, силен дожд, град и ветер, поради што на кратко беа прекинати фудбалските натпревари помеѓу Црвена Звезда и Напредок и Партизан и Пролетер. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close