0_Македонија.ПорталОпштество

Невреме во Скопје

Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓаше во неколку населби, а поплавени се и улици.

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓаше во неколку населби, а поплавени се и улици.

Врнежите во други делови од градот беа со послаб интензитет.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Се очекува и намалување на темепратурите до 28 степени. мч/скс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close