ЕвропаЕвропа.Портал

Невреме во Москва, автомобили пливаат по улиците

Москва денеска ја погоди силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а во сила е портокалов метео-аларм.

Москва, 20 јуни 2020 (МИА) – Москва денеска ја погоди силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а во сила е портокалов метео-аларм.

Жителите на Москва на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат автомобили кои пливаат по улиците како чамци.

Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави на Твитер дека се поплавени неколку автомобили на една од улиците во главниот град, како и дека сообраќајот во улицата е целосно во прекин.

Некои подземни премини се целосно потопени. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close