Дописници МКДОпштински вести

Невреме во Кичевско, град уништи род на цреши, јагоди и други култури

Невреме проследено со град, ветер и силен дожд попладнево го зафати Кичевскиот регион, што траеше околу 20 минути.

Кичево, 21 јуни 2021 (МИА) Невреме проследено со град, ветер и силен дожд попладнево го зафати Кичевскиот регион, што траеше околу 20 минути.

– Кичево и Кичевско попладнево ги зафати силно невреме проследено со пороен дожд и град со големина на зрната до четири сантиметри. Од речиси ведро небо, најпрво почна да паѓа град кој имаше завидна големина, а потоа почна да врне и пороен дожд. Делуваше помалку нестварно. Како е можно од речиси ведро небо да наиде вакво невреме. Од градот се оштетени поголем број градинарски култури и овошки, вели Коста Г. претседател на земјоделско здружение.

Жители од северната дел на Кичевско се пожалија дека градот го упропастил родот на цреши, јагоди и други култури кои зреат во овој период.  за/ир

Back to top button
Close
Close