БалканБалкан.Портал

Невреме и град во Далмација, температурата падна за 12 степени

Според Индекс.хр, околу 13:30 часот, големо невреме со град го зафатил подрачјето на Каштел Штафилиќ и западниот дел на Каштели, а невремето постепено се шири кон областа на Сплит, каде што интензивно грми.

Загреб, 20 јуни (МИА) – Некои делови на Далмација денеска беа погодени од големо невреме.

Според Индекс.хр, околу 13:30 часот, големо невреме со град го зафатил подрачјето на Каштел Штафилиќ и западниот дел на Каштели, а невремето постепено се шири кон областа на Сплит, каде што интензивно грми.

Пред невремето, температурите биле високи, претежно над 25 степени, но за само половина час во Каштел Штафилиќ се спуштиле за 12 степени.

Град врне и во некои делови на Далматинска загора. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close