Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштински вести

Невработените кумановци, лани најмногу заинтересирани за практикантство и самовработување

Над 150 работодавачи и скоро двесте млади лица од Куманово, лани  биле вклучени во мерката практиканство од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019-та, информираа денеска од Центарот за вработување Куманово. Традиционално, голем интерес кумановци пројавиле и за  мерката субвенционирање на плати со која се креирале нови работни места во 66 фирми, а  биле вработени 84 лица.

Куманово, 10 февруари 2020 (МИА) – Над 150 работодавачи и скоро двесте млади лица од Куманово, лани  биле вклучени во мерката практиканство од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019-та, информираа денеска од Центарот за вработување Куманово. Традиционално, голем интерес кумановци пројавиле и за  мерката субвенционирање на плати со која се креирале нови работни места во 66 фирми, а  биле вработени 84 лица.
– Во мерката – вработување и раст на правните субјекти учествуваа 31 работодавач , а 44 лица се вработија со поддршка на оваа програма. Доста голем интерес имаше и за програмата поддршка за самовработување односно претприемништво. Седумдесет и четири невработени лица решија својот проблем на невработеност да го решат преку оваа мерка и се формираа 62 фирми и едно лице со посебни потреби е дополнително вработено во фирмите што се основани преку оваа програма-изјави, раководителката на Центарот,  Марија Димитријевска. 
Невработените лани, редовно ги посетувале и обуките, меѓу нив за занаети во кои биле вклучени 33 лица. На локално ниво, 30-тина неработени ја следеле и обуката за побарувани занимања, за службеник во книговодство и обуката за персонални асистенти на лица со попреченост.  

 

-Интерес имаше и за обука за познат работодавач во која беа вклучени тројца работодавачи и три невработени лица кои успешно ја завршија обуката и веќе се вработени во фирмите. Во програмата Општо-корисна работа беа вклучени 31 лице како образовни асистенти на лица со попреченост кои се вклучени во редовниот процес на образование. Исто така, имавме и општинско-корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за обнова и развој,  десет лица беа и се уште се вклучени бидејќи оваа активност трае до завршување на учебната година , десет лица од ромска национална припадност се вклучени во оваа мерка и тие даваат менторски услуги на ученици Роми кои што се вклучени во редовниот процес на образование, изјави Димитријевска.

Минатата година околу 90 лица аплицирале и за учество во обука за напредни ИТ вештини, односно 27 –ина за напредни ИТ вештини, за напредни ИТ вештини со ко-финансирање  – 13-мина и 50 лица пројавиле интерес за воведните обуки за ИТ вештини кои што ќе се одвиваат онлајн. Околу  30-тина лица биле вклучени во јавни работи на територијата на опшините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.ам/лв/

 

Back to top button
Close
Close