0_Спорт.ПорталКошарка

Неверување кај кошаркарите од НБА-лигата по веста за смртта на Коби Брајант

Веста за трагедијата во која вечерва по средноевропско време животот го загуби една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА-лигата со неверување се прошири и кај играчите од најсилната кошаркарска лига.

Лос Анџелес, 26 јануари 2020 (МИА) – Веста за трагедијата во која вечерва по средноевропско време животот го загуби една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА-лигата со неверување се прошири и кај играчите од најсилната кошаркарска лига.

Меѓу другите на Твитер се огласија и:

Демијан Лилард од Портланд: Леле!

Мајк Конли од Мемфис: Не, човеку!

Ману Џинобиле, легенда на Сан Антонио: Уништен!

Андре Драмонд од Детроит: Ова не може да е вистина!

Лука Дончиќ од Далас: Ове не може да биде вистина!

Џамал Крафорд: Нема шанси, нема шанси,… Те сакам, Коби!

Двејн Вејд: Неееее, Господе, те молам, не!

Ова се само дел од реакциите на сегашни и поранешни НБА-играчи по веста за смртта на Коби Брајант. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close