СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Нетанјаху: Врховниот суд не треба да се меша, ризикува нови избори

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Врховниот суд да не се меша во неговите напори за формирање коалициска влада и предупреди дека одлуката против него може да ја вовлече земјата во четврти избори „без преседан“ во текот на малку повеќе од една година.

Тел Авив, 5 мај 2020 (МИА)Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Врховниот суд да не се меша во неговите напори за формирање коалициска влада и предупреди дека одлуката против него може да ја вовлече земјата во четврти избори „без преседан“ во текот на малку повеќе од една година.

Се надеваме дека судот нема да се меша. Нема потреба да се меша. Се уште постои волјата на народот, јасен израз на волјата на народот, рече Нетанјаху по брифингот со новинарите за пандемијата на коронавирусот.

Врховниот суд се обидува да утврди дали на Нетанјаху, кој е обвинет за корупција, треба да му биде дозволено да формира нова влада и дали коалицискиот договор за формирање влада за единство, што го потпиша со поранешниот главен политички ривал Бени Ганц, го крши законот.

Како што пренесуваат странските агенции, пресудите што се очекуваат кон крајот на оваа недела ќе утврдат дали ќе биде прекината долгата политичка криза во Израел и дали Нетанјаху и Ганц ќе формираат влада или повторно ќе се одржат избори. паг/
 
    

Таг
Back to top button
Close
Close