Некатегоризирано

Нетанјаху вети брза анексија на делови од Западниот брег доколку победи на утрешните избори во Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска најави дека брзо ќе анектира делови од Западниот брег доколку победи на утрешните парламентарни избори, што се клучни за неговото политичко преживување.

Ерусалим, 1 март 2020 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска најави дека брзо ќе анектира делови од Западниот брег доколку победи на утрешните парламентарни избори, што се клучни за неговото политичко преживување.
-Ќе биде само прашање на недели, максимум два месеца, се надевам, рече Нетанаху во интервју за јавното радио, истакнувајќи дека анексијата на Долината Јордан и населбите на Западниот брег се негов приоритет.
Утрешните избори се трети на помалку од една година во Израел.
По двете рунди избори, во април и септември, немаше јасен победник и нова влада не беше формирана.
Пред изборите во септември Нетанјаху вети монументална анексија на стратешката долина Јордан, што сочинува 30 отсто од Западниот брег, но доколку победи.
Во меѓувреме беше претставен долгоочекуваниот план на САД за мир на Блискиот Исток со кој се предвидува анексија на долината и на сите еверејски населби на окупираниот Западен брег, што е спротивно на меѓународното право.
Палестинците овој американски план го отфлрија во целост.

Во еврејските населби на Западниот брег живаат околу 450.000 лица. Во последната деценија, особено откако Нетанјаху стана премиер, бројот на жителите во овие населби беше зголемен за речиси 50 отсто. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close