СветСвет.Портал

Нетанјаху се откажува од дел од планот на Трамп за прекројување на границите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекројување на израелската граница, врз основа на кој повеќе арапски градови треба да се приклучат на идната палестинска држава.

Ерусалим, 20 февруари 2020 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекројување на израелската граница, врз основа на кој повеќе арапски градови треба да се приклучат на идната палестинска држава.

Нетанјаху изјави за израелски медиуми дека идејата не е релевантна.

„Мора да ја избришеме идејата за трансфер. Нема трансфер. Нема да има трансфер. Никој, ниту Евреин ниту Арап, нема да бидат преместени од нивниот дом“, рече израелскиот лидер.

Планот на Трамп претставен во Белата куќа на 28 јануари „ја разгледува можноста“ за вклучување на таканаречениот Тријаголник, област југоисточно од Хаифа, во близина на палестинскиот град Џенин на Западниот Брег, да се вклучи во државата Палестина, доколку и двете страни се согласат.

Жителите од областа, со 14 градови и села со повеќе од 260.000 израелски Арапи, протестираа против идејата дека можеби еден ден ќе живеат во новата палестинска држава.

Предлогот во планот на Трамп не предвидува физичко преместување на жителите на Тријаголникот, туку само прекројување на границите. зш/

Back to top button
Close
Close