Svet.SlajderСветСвет.Портал

Нетанјаху: Израел веќе прави мапи за анексија на Западниот Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел започнал со правење мапи на деловите од Западниот Брег што планира да ги анексира.

Ерусалим, 9 февруари 2020 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел започнал со правење мапи на деловите од Западниот Брег што планира да ги анексира.

– Веќе сме во процес на мапирање територии кои, според планот на (американскиот претседател Доналд) Трамп, ќе бидат дел од државата Израел, рече Нетанјаху на синоќешниот митинг,  во рамки на изборната кампања на „Ликуд“.

Тој додаде дека за правењето такви мапи нема да биде потребно многу време, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху рече дека деновиве до Владата ќе го достави својот план за анексија на Јорданската долина и еврејските населби во Западниот Брег. Сепак, од Вашингтон дојде предупредување дека тоа не би требало да се случи пред изборите во Израел нам почетокот на март. ссм/

 

Back to top button
Close
Close