Некатегоризирано

Нетанјаху: Израел има полно право да ја анкетира долината на реката Јордан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја има „полно право“ да ја анектира долината на реката Јордан.

Лисабон/ Ерусалим, 5 декември 2019 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја има „полно право“ да ја анектира долината на реката Јордан.

Нетанајху кажа дека за овој предлог за анексија на стратешкиот дел од окупираниот Западен брег доцна синоќа разговарал и со американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесоа американските медиуми.

Израелскиот премиер на Помпео му кажал дека Израел има „полно право тоа да го направи, доколку така одлучи“.

Исто така, изјави и дека двајцата се договориле да ги остварат плановите за заеднички одбранбен пакт.

Израелскиот лидер ова го изјавува во време кога на домашен терен е соочен со обвинување за корпуција и со политичка нестабилност во земјата бидејќи по две рунди избори се уште не може да се формира нова израелска Влада.

Тој ги промовира токму овие две иницијативи за да остане на функцијата.

Израелските медиуми денеска пренесоа дека главната истражителка на Меѓународниот кривичен суд, Фата Бенсуда, изразила загриженост заради ветувањата на Нетанјаху дека ќе ја анкетира долината на реката Јордан.

Нетанајху веќе повеќе пати ветуваше дека доколку формира нова влада многу брзо ќе го примени суверенитетот на Израел врз долината на Јордан, што сочинува четвртина од Западниот брег.

Американската администрација веќе направи серија чекори што му одат во прилог на Нетанјаху, признавајќи го Ерусалим за главен град на Израел и израелската анексија на Голанската висорамнина. сд/

Back to top button
Close
Close